Премиерот Зоран Заев најави дека утре, при одржувањето на седниците на Централниот и Извршен одбор на СДСМ, ќе се констатира неговата оставка. Последователно, ќе почне и постапката за избор на нов партиски лидер.



Кој ќе го завземе неговото место се уште не е познато. Постоеја, различни шпекулации во медиумите и партиите, но официјални понуди не се објавени.

Министерот Оливер Спасовски денеска изјави дека најдобро би било сепак, Заев да остане на чело на партијата и на Владата.

Коинциденција или не, но и лидерот на Алтернатива Африм Гаши најави дека партиските органи утре ќе дискутираат дали да останат во опозиција или да ја прифатат поканата за членство во Владата.