Министерот за внатрешни Оливер Спасовски, ден пред премиерот и лидер на СДСМ да ги активира оставките, смета дека најдобро решение и за партијата и за владата во моментов е Заев да остане на двете функции.



„ Најдобро е Заев да биде тука, и во Владата и во партијата, но поради моралната поставеност не знам дали е тоа возможно. Одлуката не треба да се носи врз тоа дека на некого му е преседнато. Нападите се основани или неосновани, но тоа не треба да биде причина за заминување. Прашањето за Заев што тој е сврзното ткиво. Една ваква сериозна коалиција со јасни стратешки цели кон евроинтеграции, со концепт „едно општество за сите“ има потреба од Заев. Тој ги обединвуа структурите и во партијата и во коалцијата“, рече министерот Спасовски. во „Утрински Брифинг.

Вели дека не очекува многу кандидати за лидер на партијата ако Заев замине.

„Секако низ еден ваков демократски процес, кога секој член ќе одлучува кој ќе биде нов претседател на партијата, секој има право со свој концепт и своја визија да учествува на изборите за претседател, рече Спасовски, додавајќи дека тој во моментов не размислува да се кандидира за претседател на СДСМ.