Уште неодобрен, Србија потпиша договор со Фајзер за лекот против корона

Србија ќе биде меѓу првите во светот кои ќе го добијат лекот против короната на Фајзер, заедно со САД, Велика Британија и Австралија. Министерот за здравство во Владата на Република Србија, д-р Златибор Лончар, разговараше со регионалниот директор на компанијата Мохамед Хамам, кој е во посета на таа земја.

Се разговарало за деталите од потпишаниот договор за набавка на лекот на компанијата Фајзер против корона вирусот, динамиката на неговото доставување како и идните модалитети на соработка.



„Знам дека досега направивте многу за да ја контролирате епидемијата, а вашата посветеност се илустрира со тоа што се сретнавме за многу кратко време, викендов. Со нетрпение очекувам понатамошна соработка и заеднички активности со цел да се стави крај на пандемијата“, изјавил Хамам.

Министерот Лончар се заблагодарил на компанијата „Фајзер“ за соработката.

„Договорот за набавка на овој лек од страна на Фајзер досега го потпишаа САД, Австралија, Велика Британија и Србија. Тоа најдобро говори за тоа колку Србија и сето она што го правевме за време на пандемијата денес се почитува и цени во светот“, истакна министерот за здравство.

Извор: Блиц.рс