Мицкоски со повик до сите кои ги исполнуваат условите да се пријават за партиски лидер

Мицкоски не сака да ја коментира најавата на Заев дека во вторник и официјално ќе поднесе оставка. Вели, премиерот често ги менува ставовите и секој коментар во овој момент не би имал некакво значење. За тоа кој ќе го наследи, Мицкоски вели дека е работа за која треба да си одлучи СДСМ.



Во пресрет на најавениот Конгрес на опозицијата кој е закажан за 12 декември во Скопје, Мицкоски упати апел до сите заинтересирани кандидати да се пријават на повикот и да му се спротивстават во трката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ пренесува Сител тв.