Четири бараки на улицата „Илинденска“ во Гостивар изгореа до темел утрово. За среќа нема жртви. Во пожарот своите домови ги загубија осум семејства. Повеќето од нив се социјални случаи.
Засега не се познати причините за пожарот, а семејствата ги загубија домовите и целата покуќнина, па сега бараат сместување.
Пожарникарите брзо интервенирале, но огнот брзо го голтал стаариот материјал и покуќнината.





