Нови искри и тензии на Балканот по најавата на косовскиот премиер, Албин Курти кој во интервју за онлајн магазинот „Монокл“ изјави дека во иднина би гласал за обединување со Албанија.
Курти според кого Косово се отцепило од Србија а не од Албанија вели дека обединувањето со Албанија не му е приоритет и дека би гласал за само ако таквиот референдум се спроведе мирно и на демократски начин но признава за него размислува сериозно.

Курти вели дека централниот дел од идната сеопфатна спогодба меѓу Косово и Србија треба да биде меѓусебно признавање.
Сега имаме обострано непознавање, но мораме да се познаваме. Затоа можеме прво да имаме изјава во која нема да се напаѓаме едни со други. Исто така сметам дека ЕУ е важен фактор кој може да обезбеди рамка за идна спогодба оти таа мора да биде заснована врз духот на европските вредности, закони и поредок, демократизацијата и соочувањето со минатото – вели Курти.
Според Курти, трајниот мир и стабилност во регионот е најбрз и најдобар пат за шесте земји од Западен Балкан заедно да се интегрираат во ЕУ но не исклучува дека и унификација на Албанија и Косово е можна варијанта.
Курти не ја спомнува Македонија во својата изјава.





