Мицкоски го предизвикува Заев: Не очекувам да поднесе оставка

Заев многупати во минатото не го исполнил тоа што го рекол, изјави денеска лидерот на на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој, како што рече, не очекува премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, да поднесе оставка на функцијата.



За тоа кој и дали треба да го наследи Заев од лидерската функција во СДСМ и би бил нов мандатар, Мицкоски во Охрид рече дека не е негово да се меша во внатрешните работи на противничката партија, оти во СДСМ сами ќе си донесат одлука како понатаму и со кои кадровски решенија.