Најавата на косовскиот премиер Албин Курти дека би гласал за „обединување“ со соседна Албанија е дрска провокација, рече Немања Старовиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи.
Според него, тоа одразува јасна намера за дополнително дестабилизирање на ситуацијата во регионот.
Старовиќ синоќа изјави дека е крајно време ЕУ „да го покаже ставот за недопустливоста на ваквите постапки на Албин Курти“ со примена на „казнени мерки“, бидејќи реторичките осуди немаат никакво значење и ефект.
Доколку и овој пат не е така, а казнените мерки повторно изостанат, поправедно би било европските посредници вечно да замолчат“, нагласи Старовиќ.
Курти во интервју за швајцарскиот онлајн магазин „Монокл“ изјави дека во иднина ќе гласа за обединување со Албанија, но само доколку таквиот референдум се спроведе на мирен и демократски начин.







