Извори од „Алтарнатива“ за „Фокус“ велат дека партијата во во вторник ќе одлучи дали ќе ја прифати поканата за почнување на преговори за влез во владата.
Вчера, на оваа тема и околу зголемување на парламентарното мнозинство разговараа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, но соопштија дека конечната одлука ќе ја соопштат во текот на идната недела.
Коинциденција или не, за вторник и Зоран Заев најави официјализирање на оставките од премиер и лидер на СДСМ.
Во Алијанска, неофицијално, нема едногласие дали партијата која до пред само една недела беше на став дека владата треба да се урне, сега треба да се приклучи кон власта и да го зголеми парламентарното мнозинство со четворица пратеници или да ја продолжи соработката со опизициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.






