Доегашниот директор на Националниот музеј за историја (НИМ) најверојатно ќе остане советник на премиерот Бојко Борисов.
Гласноговорникот на политиката на одредени бугарски кругови кои ја негираа(т) посебноста на македонскиот народ и јазик, од 1 ноември оди во пензија.
Божидар Димитров беше познат по своите иритирачки ставови.
Македонците да се вратат кон нивната бугарска суштина. Македонија да стана втора бугарска држава, се некои од неговите заложби кои ги поткрепувалш со „фактите“ дека на Балканот има две албански држави, Косово и Албанија.
А, имало и две грчки држави, Кипар и Грција.
Околу барањата освен државата да бидат признати и македонски јазик и македонскиот народ, Димитров во јуни годинава ќе рече дека тоа сведочи дека некои политички кругови во Скопје биле „на една-две светлосни години од европските норми и вредности”.
Според него, јазик не се признава од влади, туку од професионалните лингвистички институции.
Поинаку кажано, вели Димитров, премиерот Бојко Борисов не може да признава македонски, австралиски, швајцарски, кипарски, косовски, молдавски и други слични “јазици”. Во тоталитарни држави – може, како што тоа го правел Другарот Сталин…
Божидар Димитров беше на чело на Националниот музеј за историја во периодот 1994-1998 година, три години работеше како новинар и повторно се врати на функцијата која ја извршува од 2001 до сега.





