Двајца уапсени, нов скандал со копање биткоини во државна фирма

Вчера во просториите на Македонски железници се пронајдени неколку машини кои “копале биткоин”. Уапсени се двајца, истрагата се проширува.



Оваа информација ја споделува новинарот Фуркан Салиу кој предходно влезе во подрумите на ГТЦ каде заедно со Александар Митовски од Инфомакс пронајдоа машини за нелегално копање на криптовалута биткоин.

Копањето на криптовалута може да донесе огромни пари доколку “копачите” не плаќаат за струјата каков што е најверојатен примерот во ГТЦ каде активно биле членови на семејство на советник на СДСМ.