Ставот на Европската унија и на сите нејзини 27 земји-членки е дека Крим е украинска територија незаконски анектирана од Русија, изјави портпаролот на Европската комисија во одговор на новинарско прашање по повод изјавата на Румен Радев за време на претседателската дебата на БНТ дека Крим е руски.
Нема да ја коментираме изјавата на господинот Радев, но ќе потсетиме на ставот на ЕУ за Крим, изјави портпаролот Петер Стано.
Претходно Министерството за надворешни работи на Украина го повика бугарскиот амбасадор во Киев на кој му беше соопштено дека ставовите на Радев за Крим се некоректни и недопуштливи.






