Само еден месец откако беше фотографиран рис во Националниот парк Галичица, денеска уште една слична фотографија се појави од нов балкански рис во Националниот парк Маврово.
Најновата фотографија е направена денски и во целост ја покажува чудесната убавина на овој извонреден шумски предатор.
„Уште еден примерок на рис фотографиран во Националниот парк Маврово, главното упориште на балканскиот рис“, наведено е на објавата.






