По денешната средба со Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, премиерот Зоран Заев изјави дека во вторник ќе го свика Централниот одбор на СДСМ за да му биде ефектуирана оставката и со тоа да почне постапката за избор на нов претседател на партијата и мандатар на владата.



„Ќе побарам да биде свикан Централниот одбор во вторник за да се констатира оставката и да почне веднаш постапката за избор на нов претседател на СДСМ“.  

„Сите што прават драми и го лажат народот, еве зборот е збор“, рече Заев алудирајќи на критиките од опозицијата. 

Заев потврди дека заминувањето е конечно и во иднина, и партијата и владата треба да добијат нов предводник, а функциите, според него, треба да ги преземе една личност. 

На заедничката прес конференција двајцата лидери разговараа за можноста Алтернатива да влезе во влада со 4-те пратеници на оваа партија би обезбедиле стабилно парламентарно мнозинство.

Заев и Гаши рекоа дека по консултациите во партиите разговорите ќе продолжат идната недела.