Со Заев заминува и “Генсекот” Николовски , почнува лобирање за повеќе можни наследници!

Актуелниот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, за ТВ24 потврдил дека кога ќе се ефектуира оставката на претседателот Зоран Заев, тој ќе замине од функцијата во партијата.



Плусинфо неофицијално дознава дека Стефан Богоев, сега веќе поранешен градоначалник на скопската Oпштина Карпош, ќе го наследи Љупчо Николовски на позицијата генерален секретар на СДСМ.

“Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот и да не се вратиме во времето на страв и на реваншизам, против кое се боревме”, изјави Николовски.

Покрај Богоев во игра за функцијата генсек извори во СДСМ ги споменуваат и Дамјан Манчевски и Миле Зечевиќ кои беа дистанцирани од партијата како и Јован Деспотовски кој е директор на ТИРЗ.

Забелешките за кандидатурата на Богоев кај дел од членовите на СДСМ е неговата поврзаност со Боки 13 со кого потпишуваше меморандуми и поразот во бастионот на СДСМ Карпош кој партијата го загуби по 4 годишен мандат на Богоев за кого се најавува дека ако владата опстане ќе стане прв човек на Царината.