Камила Харис ќе стане првата жена со претседателска моќ додека Бајден е под анестезија поради рутинска медицинска интервенцја, јави Си-Ен-Ен.
Поради рутинска колоноскопија поради што ќе биде под анестезија, американскиот претседател Џо Бајден привремено ќе и`ги пренесе своите овластувања на потпретседателката Камала Харис, соопшти Белата куќа.
„Како што веќе беше случај кога претседателот Џорџ Буш беше подложен на истата процедура во 2002 и 2007 година, а во согласност со процедурата предвидена во Уставот, претседателот Бајден ќе ги пренесе своите овластувања на потпретседателот за пократок период, додека е под анестезија…“
78-годишниот Бајден стана најстариот американски претседател во историјата.






