Во моментов, во албанскиот парламент се разгледува нацрт-закон кој уште не е усвоен, но информациите дека бугарското малцинство не е официјално признато во Албанија е лажна вест, вели Андреј Ковачев, европратеник од редовите партијата ГЕРБ / ЕНП.
Непризнавањето на бугарското малцинство од Тирана е лажна информација што ја објавија македонските медиуми, изјави за новинската агенција ФОКУС,
Според него, информациите се намерно дистрибуирани, со цел да се создаде конфликт и тензија на оваа тема.
Поранешниот амбасадор на Бугарија во Албанија и во Косово, Боби Бобев, вели дека бугарското малцинство во Албанија никогаш не било признато. Во минатото единствената активна политичка тема за која Бугарија дискутирала со Албанија, била токму статусот на бугарското население таму.
Но, Југославија постојано се обидуваше да го попречи процесот, коментира за „Бугарија наутро” Бобев.
Со предлог законот за заштита на малцинствата во Албанија, подготвен од Владата, официјална Тирана признава постоење на македонско, грчко, влашко, црногорско, српско, бошњачко и египетско малцинство во земјата.
Но не и бугарско.
Европратеникот Ангел Џамбазки, за Bulgaria ON AIR посочи дека законот поминал само пред правна комисија во албанскиот парламент и дека ќе биде разгледан од други комисии со присуство на бугарски претставници на почетокот на следната недела.
Тој изјави дека се прави притисок врз албанските институции, и ако законот стане факт (без признавање на бугарско малцинство), тоа ќе биде исклучително непријателски гест кон Бугарија.





