Двајца конгресмени поднеле предлог до Претставничкиот дом (долниот дом на американскиот Конгрес) да не го признава рускиот претседател Владимир Путин за шеф на државата доколку одлучи да се кандидира за нов мандат во 2024 година.
Во документот се нагласува дека амандманите на Уставот на Русија усвоени во 2020 година се во спротивност со руските закони и меѓународните обврски.
„Секој обид на претседателот Владимир Путин да остане на функцијата по завршувањето на неговиот сегашен и последен мандат на 7 мај 2024 година, мора да доведе до непризнавање од страна на САД“, се вели во нацрт-резолуцијата.
Дури и да биде одобрен од конгресмени, документот ќе биде од консултативен карактер.
Претставниците на американската извршна власт за прашањето за „непризнавањето“ на Путин се уште не се изјасниле и изгледите за усвојување на резолуцијата во Претставничкиот дом остануваат под знак прашалник.
Во јуни, Владимир Путин, директно одговарајќи на прашање за негов наследник, рече дека негова одговорност е „да им даде препораки на оние луѓе кои ќе се кандидираат за претседател“, но одлуката за шефот на државата е секогаш на граѓаните на Русија.






