Трајчевски: Нема крадење струја во ГТЦ

Ѓоко Трајчевски во емисијата „Утрински брифинг“, запрашан на темата дали во просториите на ГТЦ се краде струја за копање биткоини демантира такво нешто.



„Немаме никаков зголемен трошок на струја во овие магацински простории“, јавно демантира Трајчевски.

Трајчевски вели дека магацините се мал дел во сопственост на ГТЦ, а останатите се продадени.

„Во конкретниот случај магацинот за кој се изрази сомневање за копање крипто валути е во сопственост на ГТЦ. Просторот е изнајмен согласно сите сите процедури и се врши редовна исплата на наемнината.

Ние немаме право да контролираме што се случува во магацинските простории“, вели Трајчевски за „Утрински брифинг“.

Постојат три начини на мерење на потрошувачка на електрична енергија: директно, полуиндиректно и индиректно.

Во 85% од просториите од ГТЦ се мери како во стан, директно, а во останатие се мери полудиректно, информира Трајчевски.