Фетаи: Пратениците, кои го продолжуваат животот на режимот на СДСМ и ДУИ, се соучесници во криминалот.

„Арбен Фетаи, раководителот на Одделот за евроинтеграции на Алијансата на Албанците, преку објава на фејсбук ги коментираше последните политички случувања во Македонија и тој напиша дека е одвратно да се користи европската интеграција, за да се амнестираат корупцијата, палежот на 14 – те живи граѓани во раката на државата и сите криминали на режимот.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“

„Ин7“ ја пренесува интегрално објавата на Фетаи на фејсбук:
„Пратениците, кои му го продолжуваат животот на режимот на СДСМ и ДУИ, се соучесници во криминалот. Одвратно да се користи европската интеграција, за да се амнестираат корупцијата, палежот на 14 – те живи граѓани во раката на државата и сите криминали на режимот. Ја валкате и ЕУ.“