И утре не бил денот да се дознае кој ќе биде нов мандатар

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за ТВ 21 истакна дека утре нема да знаеме кој е новиот мандатар.



– Не, нема да знаеме кој е новиот мандатар. Утрешниот состанок е првичен на кој ќе се разговара за генералните работи, и тие пратеници од Алтернатива да се приклучат во парламентарното мнозинство, вели Николовски.

Николовски порача дека во периодот пред нас најважно е демократското мнозинство во Собранието да се обедини, мнозинство кое ќе го гарантира евроатлантскиот пат, сигурноста и стабилноста на државата.

– Не е важна ниту функцијата ниту кариерата, нормално ако претседателот Зоран Заев поднесува оставка, целото раководство е во оставка, и тоа е најмалиот проблем. Ниту една позиција не е важна, најбитно во моментот е СДСМ и сите прогресивни сили да се фокусирани на примарната цел мнозинството да се обедини и окрупни во македонското Собрание, посочи Николовски.