Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски прамиер Бојко Борисов нема да биде пратеник ниту во 47-то Народно собрание.
Во својот прв коментар на изборната ноќ на 14 ноември, Борисов рече дека планира овој пат да остане пратеник откако во двата претходни парламентарни состави поднесе оставка, потсетува БГНЕС.
Мислам дека овој пат ќе останам“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, а денеска поднесе оставка
Лидерот на ГЕРБ одби пратеничко место во 45-от и 46-от парламент, по априлските и јулските избори.
По 100% обработени гласовиод последните во новиот парламент најмногу пратеници ќе има победничката „Продолжуваме со промената“ која освои 25,67%, а ГЕРБ-СДС е второпласирана со освоени 22,74% од гласовите.






