Сатиричниот профил на Фејсбук ,,Охриѓани” објавува ироничен приказ на ситуацијата на работите на автопатот Кичево – Охрид чие пуштање во работа според владата официјално се очекува најрано во 2024 година.
Целиот статус на профилот Охриѓани:
Се информират јавноста дека вчера при градежни активности на автопатот Охрид – Кичево работале двајца со една количка и една лопата.
✅ Вкупно 8 колички песок се префрлени од едната на другата страна.
✅ Од 9ч до 10ч испушени се 6 цигари
✅ При пауза од 10ч до 11ч се испиени 4 кафиња и испушени 8 цигари
✅ Помеѓу 11ч и 12ч се искарале двајцата работници кој да копат и кој да фрлат со количката, па не се работаше нишчо.
✅ Помеѓу 12ч и 2ипол имале повторно пауза, па седнале во Хотел Коцарев на Кебапи и испиле 8 кригли. Испушени се 14 цигари.
✅ Помеѓу 2ипол и 3ипол се уште 4 колички песок префрлени, ама под алкохолизирана состојба, песокот од количките го фрлиле на местото кј шо копале утрото. Испушени се 6 цигари.
✅ Во 3 ипол си заминаа со комбето, иако требеше да работет до 4ипол.
На ова темпо, автопатот ќе бидит готов во 2292 година ❤






