Грчки адвокат кој бил во првите редови на онлајн кампањите против вакцинација бил уапсен вчера поради ширење лажни вести за пандемијата на социјалните мрежи, и ова е прва примена на новиот закон усвоен во Парламентот на 12 ноември, јавува Катимерини.
Случајот против Никос Антонијадис бил формирани од одделот за компјутерски криминал по поднесена претставка со докази кои наводно покажале дека адвокатот изјавил дека не постои коронавирус, дека интубацијата на пациентите се прави без добра причина и дека вакцините против Ковид- 19 имаат несакани ефекти.
Неговото апсење беше наредено од Атинското обвинителство, кое веќе долго време спроведува релевантни истраги за активностите на анти-ваксерите.
Антонијадис подоцна беше ослободен а обвинител ќе одлучи дали ќе продолжи со гонење или ќе продолжи со прелиминарната истрага.







