Скендер Реџепи, пратеник и член на претседателството на Алтернатива „начелно“ верува дека органите на партијата ќе одлучат за влез во владата.
За утре е закажана средба помеѓу лидеот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев, а министерот Бујар Османи денеска рече дека идната недела ќе биде договороено идното проширено парламентарно мнозинство.
„Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата. Верувам дека предност ќе дадеме на евроинтеграциските процеси, како и на остварувањето на програмата на Алтернатива која им ја вети на граѓаните и на нашите избирачи“, изјави Скендер Реџепи.
Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи Зејд беше иницијатор на нова иницијатива за гласање доверба на Владата на која нема да има потписи од пратениците на Левица.
Реџепи тогаш рече дека со ова ќе паднат во вода сите информации дека тој бил “фатен” од ДУИ и од СДСМ. Според него, новата иницијатива ќе докаже дека тој и Алтернатива во ниту еден момент не се колебале дали треба да се гласа за да ја урнат Владата.







