Линхарт – Османи: Очекуваме одлука за почеток на преговори со ЕУ во декември

„Се надеваме дека стартот на преговорите на Македонија со ЕУ ќе биде означен во декември, изјави австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт на денешната прес-конференција во Скопје со министерот за надворешни работи Бујар Османи.



„Сакаме да им дадеме европска перспектива на земјите од Западен Балкан. За таа цел треба да им дадеме преговори уште сега, во декември, на Македонија и на Албанија. Граѓаните на овие земји треба да ги поврземе со ЕУ со повеќе мерки,“ рече Линхарт, кој допатува во посета во Скопје.

И минитерот Бујар Османи се надева на одлука за старт на преговорите во декември:

„Но тоа зависи и од тоа дали дотогаш ќе има нова влада во Бугарија. Гледаме дека 26 земји од ЕУ се за тоа дека тоа треба да биде во декември. Дали ќе биде месец пред или потоа зависи и од тоа кога Бугарија ќе има нова Влада. Важно е дека ние не дозволивме да бидеме дел од проблемот, туку сме дел од решението“ рече Османи. 360 степени