Професорот Љумир Фрчкоски, кој е еден од творците на Уставот на Македонија, не смета дека е проблем Бугарите да бидат вметнати во преамбулата на Уставот.
-Преамбулата не е оперативен дел туку историска меморија. Така што не е проблем да се прошири со додавање на Бугарите. Така Бугарите прифаќаат дека постои бугарско малцинство во Македонија кое е различно од Македонците. При влез во ЕУ се отвора и член 118 кој се однесува на меѓународните договори кои тогаш директно ќе се применуваат без посредство на извршната власт и дел од суверенитетот го префрламе во ЕУ, објасни Фрчкоски за „Утрински брифинг“.






