За сите љубители на серијата хит „Сексот и градот“, дојде лоша вест со која тешко ќе се помират. Третото продолжение на филмот за четирите најдобри пријателки од Њујорк и нивните заеднички авантури нема да се снима, а виновник е актерката Ким Катрал со нејзините апсурдни барања.
Иако со помош на улогата на Саманта, стана планетарно популарна, 61 годишната глумица сега ги стави сите други проекти пред „Сексот и градот“.

Услов за почеток на снимањето прво и беше да ги заврши сите други проекти на кои веќе работи, иако ова е секако, најголемиот и најмоќен проект што го има. Но, продукцијата го отфрли веднаш ова нејзино барање и затоа снимањето на филмот беше откажано.
Покрај разочараните обожаватели кои се во преден план, разочарани се и нејзините три колешки, кои се согласиле на сите услови, па дури и идентични и не зголемени хонорари за третото продолжение на филмот.





