По неуспехот на барањето за недоверба на Владата, политичката сцена во Македонија продолжува да биде жешка бидејќи опозицијата и владејачките партии имаат по 60 пратеници. Владејачките партии на чело со премиерот Зоран Заев предложија Алтернатива на Африм Гаши да стане дел од владата, но сè уште нема ништо конкретно во овој поглед, пишува InfoShqip.
Високи извори во Алтернтива кои сакаат да останат анонимни за InfoShqip велат дека за да стане дел од владата Алтернатива го побарала Министерството за земјоделство и директоеските места кои им припаѓале на Движењето Беса, кое веќе ја напушти владата, но ќе побара и други две министерства
Едното од новите министерства кои ги бара Алтернатива е министерство со кое моментално раководи СДСМ а другото е министерство предводено од ДУИ кое оди во пакет со вицепремиерско место. Во Алтернатива сметаат дека тоа е правична распределба бидејќи ДУИ ја има функцијата претседател на Собранието, СДСМ премиерската функција и затоа треба да се откаже од вицепремиерската функција за борба против корупцијата.
Во новата поставеност на владата СДСМ го бара Министерството за здравство, а ДУИ инсистира да продолжи да го раководи Министерството за информатичко општество и администрација, пишува порталот.
За да влезе во владата Алтернатива бара и 20 директоески места кои во моментов им припаѓаат на СДСМ и ДУИ и како дополнување на директорските позиции на Движењето Беса.
За да стане дел од владата, Алтернатива практично бара 3 министерства, земјоделие , еден прв вицепремиер, еден вицепремиер за борба против корупција и 50 директори.
Од партијата на Африм Гаши велат дека не се откажуваат од ова барање, бидејќи нивната политичка тежина во моментов и во овие околности е многу поголема и дури тогаш може поправедно да се подели власта според актуелната политичка тежина.
За InfoShqip од Алтернатива предупредуваат дека ќе бараат договор кој гарантира кадровските решенија кои ќе бидат договорени да се реализираат веднаш, а не да се влечат како минатиот пат кога некои воопшто не се реализираа.





