Поради официјалната посета на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
„ Апелираме до сите граѓани-учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај“, апалираа од МВР.
За време на дводневна официјална посета на земјава, Дуда ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.
Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, Дуда утре ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вила Водно, каде ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција.
Дуда и Пендаровски ќе се обратат и на отворањето на Полско-македонскиот економски форум што ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје.






