Снопче: Ако Алтернатива влезе во Владата, се распаѓа коалицијата и Алијанса продолжува во опозиција

„Пратеникот на Алијансата на Албанците Халил Снопче вели дека досега коалицијата со Алтернатива функционирала одлично, но ако оваа партија стане дел на власта, тогаш таа коалиција ќе престане да функционира.“ – ја пренесува информативната агенција ИНА веста на весникот „Лајм“.



„Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е направена пред минатите парламентарни избори. Таа коалиција го вклучуваше периодот на парламентарните избори, на локалните избори се до овој период пред идните парламентарни избори, кога требаше да се договориме во врска со нив. Имаме една коалиција која е фактичка се до сега, на одличен начин. Ќе се лажевме, ако би рекле поинаку. Ние ја користевме канцеларијата за заедничка координција повеќе отколку нашите лични канцеларии и имавме консензус за сешто.’ – нагласи Снопче.“

„Според него, Алтернатива е самостоен политички субјект и сама може да одлучи во рамки на своите органи што ќе прави со понудата на Заев. ‘Но, ако Алтернатива одлучи да влезе во Владата, тогаш ние, како Алијанса на Албанците, продолжуваме во опозиција и само по себе се создаваат два различни табора.’ – кажа пратеникот Халил Снопче за весникот Лајм.“ – пренесе ИНА.