Хајдари: Продавањето и купувањето пратеници е национално отпадништво и политичка проституција!

„Национални отпадници се оние пратеници, на кои се однесува појавата на ‘продавање и купување, која се инсталира во албанското општество во Македонија. Не постои сила, која може да ја оправда политичката проституција, завиткана во криминал и во предавство!“ – остро реагира Фејзи Хајдари, публицистот и издавач на весникот на албански јазик „Лајм“ во објавата на својот фејсбук профил, која ја пренесува информативниот портал „ин7“ со наслов „Појавата на ‘продавање и купување пратеници’ се заканува да се инсталира како ‘навика за голтање’ во албанското општество во Македонија!“

Хајдари не наведува конкретни имиња на кои пратеници мисли, но најверојатно неговата реакција уследува и по последната постапка на Кастриот Реџепи, пратеникот од Движењето Беса, кој го спречи изгласувањето недоверба на Владата и кој беше принудуван од неговите сонародници дури и јавно да се колне, оти не зел пари за да се премисли и да не гласа за уривање на Владата, иако беше потпишан на предлогот за таквото гласање.

„Ин7“ ја пренесува интегрално објавата на Фејзи Хајдари на фејсбук:
„Појавата на продажба и купување пратеници и со ова, за жал, и предавството на принципите и на партиските, групните, клановските и граѓанските интереси од страна на одредени политички сегменти се заканува да се инсталира како ‘навика за голтање’ во албанското општество во Македонија! За чудо, и покрај големиот број на македонски (неалбански) пратеници кај нив таквата појава не е толку присутна, независно од финансискиот, материјалниот, па и од институционалниот потенцијал.“

„А зошто? Всушност, ова е прашање, со кое треба да се занимаваат специјалисти и експерти од тоа подрачје. Албанците заслужуваат и бараат јавно објаснување. Впрочем, ние сме им должни за ова!“

„Иако во сегашните околности на политичката сцена наличува како ‘мал проблем’ (со големи добивки), долгорочно тоа ќе остави горчливи траги со катастрофални последици не само меѓу овдешното албанско општество, туку и пред народите во регионот, во контекст на нарушувањето, или подобро кажано, на фрлањето дамка врз сликата како колективитет. Во секој случај, ваквите моменти (протагонистите на ваквите постапки) ќе бидат дел на мрачната, на болната историја на Албанците.“

„Ако нивните сопартијци го амнестираат ова национално отпадништво, денес или утре, поради сопствените интереси, како ќе се чувствуваат нивните деца утре или задутре? Kолкава одговорност ќе имаат ДЕНЕШНИТЕ ОТПАДНИЦИ, толкава одговорност ќе имаат и ПОЛИТИЧКИТЕ СЦЕНАРИСТИ утре, независно од денешните апсурдни оправдувања. Не постои сила, што може да ја оправда ПОЛИТИЧКАТА ПРОСТИТУЦИЈА, завиткана во КРИМИНАЛ и во НИЈАНСИРАНО ПРЕДАВСТВО!“ – заклучува Фејзи Хајдари во својата објава на фејсбук.