Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац во „Клик Плус“ на ТВ21 ги коментираше последните случувања и премислувањето на пратеникот Реџепи за да се урне владата, по што заклучи дека премиерот Заев има историја на купување на пратеници.
„И понатаму тврдам дека не беше исполнет еден џентрлменски договор. Ќе се види многу брзо зошто Реџепи го смени мислењето. Но, по таквиот начин како актуелното владејачко мнозинство ја обезбеди самоизолацијата на г-нот Реџепи, се може да се случи. Знаеме дека Заев има историја на купување и обезбедување на пратеници, како што беше при промената на Уставот“, рече Бишевац.





