Владиниот коалициски партнер ДУИ е на став дека нема потреба да има промени на министрите од нејзините редови при евентуална реконструкција на Владата најавена вчера од вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.



„Неминовно е да има реконструкција на Владата имајќи предвид дека веќе имаме приложено оставка од министерот за земјоделство и двајцата заменици-министри од движењето Беса. Во делот на ДУИ, ние сме го кажале нашиот став дека нема потреба од измени на членовите од ДУИ во постоечката влада, но секако согласно преговорите што веќе се одвиваат од страна на претседателот и претседателството на ДУИ и со премиерот и претседател на СДСМ, но и со другите политички партии, конечната одлука ќе ја донесе претседателот и претседателството на ДУИ“, вели министерир за економија Крешник Бектеши.

Битиќи вчера најави реконструирана влада „Заев 3“ на чие чело одново ќе биде премиерот во оставка Зоран Заев.