Ружин: Софија може „да избоксува“ одлука за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Поранешнииот амбасадор во НАТО, професорот Нано Ружин, смета дека почетокот на преговорите до крајот на годината за Македонија и Албанија со ЕУ се на некој начин завршена работа.



„Во самата реакција на победниците во Бугарија се чувствува посмирен тон, како и сознанието дека идната влада треба итно да најде решение за проблемот со Скопје. Помирливиот тон ќе се потврди и со претседателот Радев, кој сè уште е, и до формирањето на владата ќе остане единствен субјект со политички легитимитет.

Во наредниот период можно е да се направи обид и со преодната влада под водство на техничкиот премиер Стефан Јанев да се избоксува одлука. Ова би било под влијание на намерата на Макрон ова прашање да се  затвори до 31 декември и Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за членство во ЕУ, вели Ружин.

Франција го презема претседателството со ЕУ од јануари до јуни, а во тоа време Макрон ќе биде во кампања за претседателските избори, во која нема да сака да зборува или да се занимава со теми за проширувањето, особено што како противник ќе има националисти и десничари од рангот на Мари Ле Пен – вели Ружин за „Слободен печат“.