СДСМ им нуди на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од владиното мнозинство!

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска вели дека нема тајни моменти во преговорите со Алтернатива, за зголемување на владиното мнозинство. Покрај тоа, таа тврди дека СДСМ преговара и со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на владиното мнозинство.



-Се преговара. Ќе се одржат состаноци. Во преговори сме со сите политички партии, кои што и во четвртокот потврдија дека сакаат земјата да оди напред и со пратениците кои сакаат да одат напред. Станува збор и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои што сакаат државата да се движи во нагорна линија и кои беа против одлуките за гласање недоверба на владата во четвртокот. Соочени бевме со низа лаги од опозицијата, рече Кузеска во емисијата „Само вистина“.