Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ утрово имал интервју во емисијата „Добро утро Србија“ на Хепи ТВ.

Мицкоски кој гостуваше заедно со адвокатот Тома Фила на почетокот беше запрашан зошто ме паднала македонската влада и зошто Заев ја повлекол оставката.
“Им се случува и на најдобрите. За жал, не успеавме и покрај тоа што имавме 61 потпис. Еден од потписниците се предомисли. Ние успеавме да се обидиниме и покрај сите наши разлики. Имавме една цел, оваа криминална Влада во Македонија да стане минато, посебно по резултатите на последните локални избори. Власта беше жестоко поразена”, вели Мицкоски во гостувањето на Хепи ТВ.
Тој на прилично добар српски јазик додаде дека Македонија е најкриминална држава во Европа во моментов.
“На последното рангирање на Транспаренси Интернешнл Македонија е 111 место, што значи дека нема покорумпирана и покриминална држава од Македонија”, потенцираше Мицкоски.
Погледнете го целото видео од интервјуто






