Синот на починатиот пратеник Амди Бајрам Елвис Бајрам неофицијално е вмешан во нелегално копање на криптовалути во центарот на Скопје, јавува Инфомакс.
Ова попладнево го открија новинарските екипи на Инфомакс и Клан Македонија во Гратскиот трговски центар во Скопје.
Имено на екипата на Клан Македонија и новинарот Фуркан Салиу најпрво им било забрането да снимаат во магацинските простории на ГТЦ, а притисоци имало и врз екипата на Инфомакс.
Во моментов во еден од магацините цо ГТЦ се проверува информацијата дека синот на Амди Бајрам, Елвис, нелегално копа криптовалути.
Според информациите на Инфомакс, во магацинот има десетици компјутери за копање на криптовалути популарно наречени ригови кои се диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ.
Повеќе детали






