„Криминалната структура на ДУИ, која изврши кражба во прегласувањето од вториот круг на локалните избори за градоначалник на Дебар, предизвика песимизам, гнев и разочараност кај граѓаните на Дебар. Велиме со уверување на сите граѓани дека режимот на власт мора да се порази и ќе го поразиме сигурно.“ – вели огранокот на опозициската партија Алијанса на Албанците од Дебар во своето соопштение, кое го пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Алијанса на Албанците од Дебар реагира: „Не можеме да соработуваме со криминална структура, со класични крадци, со претекст Дебар. Вие треба да побарате прошка од дебарчани и да си заминете еден ден пред злоупотребата, поделбата и клановските интереси, правени во име на Дебар. Излезете во градот и почувствувајте ги песимизмот, гневот и разочараноста на граѓаните, поради структурираната кражба на штета на Дебар. Од наједноставниот до најинтелектуалниот граѓанин чувме глас, кој шепоти: КРАЖБА.“
„Прв круг на гласање: 8.090 гласачи. Втор круг на гласање 8.622 гласачи. Од 600-те нови гласачи 85 проценти добива Хекуран Дука од ДУИ, а само 15 проценти Беким Поцеста од Алијанса на Албанците – Алтернатива? Како се објаснува оваа абнормалност и дали таа има име?“
„Велиме денес со уверување на сите граѓани дека тој исти режим мора да се порази. И ќе го поразиме сигурно. Ќе попричекаме на реагирањето на компетентните органи, а потоа ќе покажеме со факти и со имиња како денес Хекуран Дука тврди дека е претседател на општина Дебар.“
„Во која канцеларија се чуваа луѓе, а во која имавме ‘гости’? Зошто фингерпринтот не идентификуваше некои луѓе, што е со личните карти?!“
„Хекуран, ако тврдиш дека си чесен навистина, тогаш дистанцирај се, повлечи се. Затоа што ќе останеш фатен доживотно, а иднината на Дебар ќе ја оставиш во сомнителни раце. Дебар навистина им останува на дебарчани, но вие останувате најгорчливата дамка во неговата историја.“ – порачува огранокот на опозициската партија Алијанса на Албанците од Дебар.





