Напредните технологии и системи кои им помагаат на возачите во Формула 1 за да ги преживеат сударите со голема брзина, ќе се користат како нов уред за да ги одржи бебињата во живот при медицинскиот транспорт.
„Babypod 20“ капсулата е изработена од јаглеродни влакна, истиот материјал кој се користи за изработка на Формула 1 кокпитот и може да издржи удар од 2 тона.
Капсулата беше дизајнирана во тимот на Вилијамс во соработка со напредната здравствена технологија.

„Капсулата мораше да биде силна, лесна и отпорна на несреќи“ изјави техничкиот директор во Вилијамс додавајќи дека предизвиците биле големи, како и при подготовка на шасијата за Формула 1 болидот.
За само една година (до јуни 2017 година), 7938 новороденчиња биле итно транспортирани во Обединетото Кралство. Вилијамс очекува да произведе 500 капсули во текот на првата година, а неа веќе ја користат некои Британски организации за вонреден превоз на деца на интензивна нега.





