Алтернатива ја прифати поканата на премиерот во оставка Зоран Заев за средба со лидерот Африм Гаши, но каква ќе биде нивната одлука околу можноста партијата да стане дел од парламентарното мнозинство, односно дел од Владата ќе се знае наредната недела кога се очекува да се изјаснат највисоките партиски тела, дознава Плусинфо.
Зекирија Ибрахими од Алтернатиа вели дека на 23 ноември, во вторник, треба да се одржи состанок на Централното претседателство на партијата, а потоа одлуката што ќе биде донесена во тој партиски состав ќе треба да помине и на партиското Собрание, кое е највисоко тело на Алтернатива.
Ибрахими објаснува дека сега засега тие остануваат во опозиција, а за секој нов прдизвик, како што вели, ќе се произнесат. Сепак, прво ќе почекаат да се случи средбата на нивниот лидер Африм Гаши и Заев, за да слушнат кои се размислуањата на премиерот во однос на партиципирањето на Алтернатива во новото мнозинство, а и неговата понуда, а потоа ќе заседаваат партиските тела.






