Ахмети бара сојузници, ама не „дава“ министри!?

Извори на партијата ДУИ за „Слободен печат“ изјавиле дека, највисоките претставници биле окупирани да го зголемат мнозинството, но паралелно ќе се обидат да ги зачуваат позициите и во иднина.



Изворите, за СП, изјавиле дека нема да менуваат министри, но можно би било менување на некои директорски позиции.

Со цел зголемување на парламентарното мнозинство, Ахмети, одржал повеќе средби со т.н. „огнена група“, предводена од Муса Џафери, Изет Меџити и Блерим Беџети. Оваа одредена група изразила големо незадоволство во врска со изборот на кадри на ДУИ во извршната власт.

– Лидерот Али Ахмети не престана да се среќава со Изет, Муса, Блерим и со другите експоненти на партијата. Пред последната средба, в недела, во ресторанот „Фонтана“ во скопски Сарај, имаше уште неколку средби во ист состав. Од последната средба дури беше објавена и фотографија на Фејсбук. На овие средби стана збор за проширување на актуелното парламентарно мнозинство, зачувување на прозападниот курс на државата и за реализација на програмските определби на ДУИ – изјавиланонимен извор, за „Слободен печат“ кој бил висок функционер на ДУИ.

Во однос на владата, изворот потврдил дека била стабилна, а парламентарното мнозинство ќе се зголемувало во текот на наредните денови.

И самиот вицепремиер Групи го потврди ова, посочувајќи дека имаат контакти со Алтернатива, Беса, АА/А и со ВМРО-ДПМНЕ. Единствена партија со која не контактирале, била Левица.