На Бразилскиот модел Адријана Лима (36) и засметаа шушкањата и шегите за тоа дека времето во Викторија Сикрет и минува и дека ќе мора да се пензионира под притисок на помладите девојки што доаѓаат.



„Глупости. Ќе бидам дел од ревиите се додека моето тело ми го дозволува тоа. Ќе останам најмалку до 40 година“ изјави моделот.
Лима е модел на Викторија Сикрет веќе 18 години. Таа беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ (38), седум години, и од него ги има ќерките Валентина (7) и Сиена (5).

„Една од моите ќерки сака да биде модел, но нема да ви откријам која“, вели Лима. Манекенката сега е во врска со турскиот писател Метин Харо (35).