Екс-пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, ќе даде изјава за медиумите во врска со неговото „исченување“ на денот кога во Собрание требаше да се гласа за недоверба на владата.



Се очекува тој да го каже својот моментален став за актуелната политичка состојба во земјава, а веќе е исклучен од Движењето Беса.

Без образложение, Реџепи не се појави во Собранието, а неговиот глас беше „клучен“ за обезбедување мнозинство.

Тоа предизвика редица шпекулации за неговото исчезнување заедно со целото семејство, чии телефони цел ден беа исклучени.