Двојниот Оскаровец, познатиот режисер на хит филмовите „Ајкула“, „Шиндлеровата листа“, „Спасувајќи го војникот Рајaн“, „ Паркот Јура“, „ ЕТ “и многу други е главниот лик на документарниот филм „ Спилберг “, кој наскоро ќе започне да се прикажува.



Овој пат познатиот режисер застана пред камерите, а филмскиот режисер и продуцент Сузан Лејси направи 30 часовно интервју. Меѓу учесниците на разговорите се и членовите на неговото семејство, пријатели и колеги од филмскиот свет.

„Интересно е да се биде на оваа страна на камерата, откако цела кариера ќе ја  поминете во потрага по теми и ликови за филмови. И сега кога јас одеднаш се најдов пред камера, можам да кажам дека ми беше малку чудно и непријатно, јас би рекол застрашувачки“ изјави Спилберг.

Продуцентот Лејси во филмот интервјуираше повеќе од 80 лица, а од познатите личности имаше од режисери и продуценти до инженери и директори во индустријата, вклучувајќи ги и Кристијан Бејл, Дру Баримор, Кејт Бланшет, Френсис Копола, Даниел Крег, Даниел Деј-Луис, Брајан де Палма, Лора Дерн, Лео ди Каприо, Ралф Фајнс, Харисон Форд, Том Хенкс, Дастин Хофман, Холи Хантер, Бен Кингсли, Џорџ Лукас, Лиам Нисон, Мартин Скорсезе, Опра Винфри, Роберт Земекис и многу други.

Новиот документарец „Спилберг“ ќе биде прикажан на 7. октомври на HBO.