Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со порака од трибините на националната арена, по големата победа на Македонија против Исланд и обезбедениот бараж за Светското првенство во Катар.
Љубовта кон фудбалот и црвено жолтата се стекнува, но и пренесува од татко на син. Со Јован гледаме врвен фудбал среде Скопје. Честитки до фудбалерите кои со срце на терен се изборија за Македонија!
Ова е ваша победа за нашата заедничка Македонија – напиша Мицкоски!





