Пратениците на БЕСА за Сител тврдат дека нема да преминат со власта

Двајцата пратеници на БЕСА Фадил Зендели и Бастри Бајрами за „Сител“ демантираат дека преминуваат кај власта за доофомување на мнозинството на СДСМ И ДУИ откако се појавија информации дека, по Кастриот Реџепи, уште еден пратеник на Касами ќе ја напушти партијата и ќе ја смени страната.



Дека се прават притисоци врз пратениците на БЕСА синоќа обвини самата партија. По состанокот на Централното претседателство од партијата на Касами со соопштение повикаа актуелната власт СДСМ-ДУИ итно да престане со притисоците врз пратениците на Движењето БЕСА.

Од ДУИ демантираат дека притисоци имало. Обвинуваат дека лидерите на опозциските партии се тие кои ги држат своите пратеници во заблуда. Првиот вицепремиер и секретар на ДУИ Груби вели дека се разговара народни избраници од сите партии во опозиција, освен со Левица.

Од СДСМ не откриваат детали со кого тие разговараат.

Од ВМРО-ДПМНЕ и понтаму сметаат дека власта со 60 пратеници е нелигитмна и дека потребни се избори.

Линк до целиот текст.