Актуелната власт го изолира Дебар и ги спречува граѓаните на Дебар да го остварат своето демократско право, реагира Алијанса на Албанците денеска откако патниот правец од Маврово кон Дебар е блокиран поради градешни работи.
Од Алијанса потестуваа дека и Уставот забранува каква било активност што ги спречува граѓаните да го остварат своето право на глас.
„Во недела, на денот на гласањето, од утринските часови се изведуваат работите на асфалтирање на патот Маврово-Дебар и следствено овој патен правец се држи блокиран. Ваквата состојба ги спречи многу жители на Дебар кои се привремено вработени во други градови да дојдат и да го остварат своето избирачко право. Апелираме надлежните итно да го деблокираат патот и да побараат одговорност од оние кои наредиле вакво сценарио“, се вели во соопштението на Алијанса.






