Во Дебар втор круг за избор на градоначалник

Во Дебар денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник, на кои право на глас имаат 19.211 лица, кои своето гласачко право ќе можат да го остварат на 27 избирачки места.



Во првиот круг одѕивот на гласачите беше околу 42 отсто.

Денеска, до 9 часот правото на глас го остварија 480 граѓани, што е 2,5 отсто од вкупно запишаните во единствениот избирачки список.

Во првиот круг до 9 часот правото на глас го искористија 342 гласачи или 1,75 отсто, информира потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јованка Јосифовска.

Вчера во Дебар гласаа болните и изнемоштени лица. Правото на глас го остварија 60 лица, две не гласаа, додека едно не бело запишано во избирачкиот список.