Синоќа се одржа масовен протест во Битола на кој се бараше ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски, кој доби една година затвор и отказ од работа затоа што применил сила врз граѓанин кој возел автомобил под дејство на алкохол.



Протестот беше поддржан и од полицискиот синдикат.

Од Широк Сокак до судовите во Битола беше порачано дека казната е драконска, а Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата, алудираше дека за Зоран Милевски Кичеец затворската казан била помала, а претекнувал на полна лента пред исходот од сообраќајната несреќа да заврши со едно загинато лице и седум тешко повредени.

Петковски е осуден на година дена затвор за малтретирање во вршење на службата откако во септември лани примени сила над Ром од Битола кој под дејство на алкохол претходно со возило удри во бандера во близина на битолската пошта.